Емотивно: Опростувањето на Стефани со Ервин и семејството Васиќ
Иако се чинеше дека после петокот Стефани ќе остане сепак во куќата на Големиот Брат, после 40 дена таа ја напушти куќата на Големиот Брат.
Кога нешто ти смета, избриши го на убав начин, но покажи заби. Само биди паметен и тоа е тоа. Немој да се надеваш на нешто што можеби никогаш нема да ти се случи, му велеше Стефани на Ервин додека разговаара сами во дневната соба.
Иако во средата разговараше со Големиот Брат и му кажа дека сака да ја напушти куќата, доби 24 часа за да размисли за својата одлука. Во петокот се предомисли, но само после два дена таа изјави дека сето тоа е премногу за нејзe и неможе повеќе да издржи.
Целиот ден таа го помина опростувајќи се од Ервин.
- Би останала во куќата за тебе, но не можам. Претешкоо ми е. Имаш тука уште луѓе, но јас одам дома - рече Стефани. Додаде дека не се кае за ништо, му се извини на Ервин за погрдните зборови кои му ги кажа, но додаде дека сака да останат пријатели.
Ервин се обиде да ја убеди да издржи уште малце, пробувајќи да се оправда за своите постапки.
- Никогаш те немам изневерено. Ќе останеме во контакт. Со тебе ми беше прекрасно. Не сакав да те напуштам после првата ноќ, бидејќи нејќев луѓето да мислат дека си нешто што не си - рече Ервин.
Стефани му рече дека му посакува се најубаво, да се заљуби и да биде среќен со девојка која ќе го сака.
Својата одлука за напуштање на куќата на Големиот Брат ја сподели и со семејството Васиќ во исповедалницата.
- Ова не е за мене, не можам повеќе. Јас излегувам додека сеуште сум нормална личност - заврши Стефани.
Ново на Сител
-
21 годишник со „мерцедес“ удрил во двајца малолетници кои се здобиле со тешки телесни повреди
-
Кривична пријава за дебранец за узурпација на парцела покрај брегот на Дебарско Езеро
-
Кривична за 31-годишник од Тетово, физички ја нападнал неговата сестра и упатувал закани со огнено оружје
-
Седумнаесет тони нафта се излеаја во Јадранското Море кај хрватскиот остров Хвар
-
Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати
-
Муцунски-Ибрахимовиќ: Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати
-
Приведени двајца крадци од Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката
-
Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија