Емина Јаховиќ проговори: Ова е вистината за моето преселување во Нови Пазар и разводот од Мустафа
Емина Јаховиќ се огласи денеска на Инстаграм сакајќи да ја открие вистината за нејзиниот развод и се што последниве недели се пишува за неа.
-Драги мои, сите мои фанови и сите кои ме саката и поддржувате во овие тешки мигови, сакам да ви кажам дека сите шпекулации на моја сметка, моето одење во Пазар и моето преселување таму не се точни ниту вистините. Својот живот ќе го продолжам во Истанбул поради школувањето на моите деца и поради животот на кој навикнав, а во Белград и во Нови Пазар ќе одам поради приватни и деловни причини.
За жал, јас не можам да ги запрам сите шпекулации и лаги за мене, сето тоа ги полни и ги продава весниците. Поради нашите деца гледаме се да помине во најдобар реди и се ќе биде како и порано.
Во оваа прилика сакам да ве поздравам, да ви кажам дека ве сакам и да најавам многу брзо два нови синглови кои ќе бидат продолжение на она што го направивме со албумот „Даље“.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа