Емануел Макрон избран за нов претседател на Франција

Лидерот на центристичката партија Напред (ЕМ), Еманеул Макрон е избран за нов претседател на Франција со освоени 66,06 отсто од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори, соопшти рано изутринава француското Министерство за внатрешни работи по пребројувањето на 99,99 отсто од гласачки ливчиња.
Неговата противкандидатка Марин Ле Пен од екстремно десниот Национален фронт освоила 33,94 проценти од гласовите.
Според Министерството, на овие избори има рекорден број од 11,5 отсто неважечи или празни ливчиња, додека излезноста била 74,62 проценти.
Ова се први претседателски избори во Франција по 1969 година на кои излезноста во вториот круг е помала отколку во првиот.
Макрон синоќа се обрати пред неговите приврзаници на платото пред музејот „Лувр“ во Париз, каде пропратен со звуците на европската химна им се заблагодари на Французите за поддршката што му ја укажаа.
- Им благодарам и на оние кои гласаа за мене, иако не ги поддржуваат нашите идеи, изјави Макрон, пропртен со извиците на неговите поддржувачи „Победивме“ и „Макрон претседател“.
Претходно во своето прво обраќање до нацијата по изборот за нов претседтаел, Макрон ги повика „сите Французи дека ги штитат најранливите меѓу нив“.
- Вие избравте да ми ја дадете вашата доверба и јас ви ја изразувам мојата длабока благодарност, рече новиот француски претседател говореќи од неговиот изборен штаб.
Тој притоа нагласи дека чувствува „чест и одговорност“. - Ви благодарам од срце. Јас нема да ве заборавам, рече Макрон.
- Сакам вечерва да испратам републикански поздрав до мојот противник г-ѓа Ле Пен. Ги знам поделбите на нашата земја, кои ги доведоа некои до екстремно гласање. Моја е одговорноста да ги слушнам, посебно заштитувајќи ги најранливите, рече новиот француски претседател.
Тој пораќа дека вечерва им се обраќа на „сите, на целиот народ на Франција“.
- Вечерва се отвора една нова страница од нашата долга историја. Сакам таа да биде (страница) на повторно пронајдена надеж и обновена доверба, рече тој.
Во врска со ЕУ, Mакрон вети дека „ќе работи за да ја зајакне врската меѓу Европа и народите кои ја формираат“.
Макрон, исто така, гарантираше дека Франција ќе биде „во првите редови на борбата против тероризмот, како на нејзината територија, така и во странство."
- Во текот на петте години кои се отвораат. Мојата одговорност ќе биде да ги смирам стравувањата. Мојата одговорност ќе биде да се соберат сите жени и сите мажи кои се подготвени да се соочат со огромните предизвици кои не очекуваат во иднина, порача Макрон.
Тој најави дека ќе се бори со сета своја сила против поделбите што ја поткопуваат Фрамнција.
- Само така на францускиот народ можеме да му ја вратиме шансата која Франција му ја должи. Да ја сакаме Франција. За следните пет години кои доаѓаат, јас со смирениост, посветеност и одлучност ќе и служам во ваше име. Да живее Републиката, да живее Франција, го заврши Макрон своето прво јавно обраќање по изборот за нов француски претседател.
Ново на Сител
-

Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар | ВИДЕО
-

Руски балистички ракети врз Киев, две лица загинати, три повредени
-

Малолетник под 14 години го запалил македонското знаме и го објавил видеото на ТикТок
-

Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
-

Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати
-

Роналдо: Децата ме сакаат, бидејќи ме гледаат како пример за углед
-

За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди
-

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
