Ем-Ес-Ен-Би-Си: Примероците покажуваат дека во Дума било употребено хемиско оружје
Американски претставници добија примероци од крвта и урината на жртвите на хемискиот напад во Сирија, кои поокажуваат дека во Дума било употребено хемиско оружје, објави американската телевизија Ем-Ес-Ен-Би-Си (TV MSNBC).
Според телевизијата тестовите на примероците се позитивни на хемикалии, пред се на хлор, а некои и на нервен агенс.
Во меѓувреме, сирискиот амбасадор во Обединети нации, Башар Џафри изјави дека два истражителски тима на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) треба да пристигнат во Сирија поради истрага за наводниот напад во Дума.
– Двете групи одвоено ќе пристигнат во Сирија… Подготвени сме да ги испратиме до локациите на кои сакаат да одат, посочио Џафари.
ОПЦВ потврди дека нејзини инспектори од сабота ќе почнат со работа на терен во Сирија.
Неименуван извор од сириското Министерство за надворешни работи изјави дека Западот се обидува да ја опструира задачата на мисијата на ОПЦВ и „да се вмеша во нејзината работа“.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час