Фудбал
1. September 2017 - 7:32

Елмас: Очекував повик од двете репрезентации

Најмладиот член на А репрезентацијата на Македонија во Хаифа е новиот играч на турски Фенербахче Елиф Елмас.
 
- Убаво е да си тука и среќен сум што сум дел од најдобрата репрезентација на Македонија. Се знае дека секој официјален натпревр за репрезентацијата на Македонија е тежок и носи свој притисок, но тука сме да се надигруваме и да се обидеме да ги освоите сите три бода. Тоа што не играм во мојот тим не ми пречи, бидејќи наскоро очекувам да добијам шанса. Атмосферата во репрезентацијата  е фантастична и едвај чекам да настапам. Реално очекував повик и од младата У_21 и од сениорската репрезентција, но тоа е одлука на селекторите и мене ми е сеедно. Важно ми е да играм за Македонија, изјави Елмас, кој своето деби го имаше на натпреварот со Шпанија во Скопје во месец јуни.