Ели Маказлиева, добитник на наградата „Струшко изгрејсонце“
Традиционалната награда „Струшко изгрејсонце“ која се доделува за книга за деца и млади од македoнски автор, годинава ја доби писателката Ели Маказлиева за книгата „Весели песни со букви лесни“ во издание на „Едука Мак“ од Скопје.
Се работи за едукативна, полезна и поучна книга за буквите од македонската азбука, проследени и збогатени со илустрации од Игор Јовчески.
Поетесата Ели Маказлиева, која со години работи и истражува во литературата за деца и млади, водела доволно грижа за возраста и предзнаењето на читателите, па подготвила песни кои освојуваат со својата едноставност, певливост и ритмичност. Како што и самиот наслов на книгата говори, „Весели песни со букви лесни“ е неопходна сликовница за секое дете, која треба да се најде и во секој наш дом.
Ели Маказлиева е автор на голем број изданија за деца и млади и гласен и одговорен уредник на списанието за најмладите „Смешко“. Нејзина специјалност е воспитанието и образованието на децата и е магистер по педагошки науки. Основач е на Издавачката куќа „Едука Мак“ од Скопје.
Наградата „Струшко изгрејсонце“ ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.
Досегашни добитници на наградата се писателите Киро Донев, Панде Манојлов, Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски, Трајче Кацаров и Васил Тоциновски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор