Елези: Развојот на локално ниво предуслов за одржливоста на економскиот раст

Преку зајакнување на капацитетите на општинските совети преку проектот што го работи Министерството за финансии со Министерството за локална самоуправа, УНДП и Швајцарската агенција за развој се дава придонес за јакнење и развојот на системот за финансирање на општините, особено во развојот изработката на годишен и полугодишен извештај. Ова го рече заменик-министерката за финансии Ширет Елези на јавниот настан за примена на проектот на кој присуствуваа и шефот на канцеларијата на УНДП во земјава Нарине Сахакјан и швајцарската амбасадорка Сибил Техада.
Заменик-министерката за финансии Елези посочи дека ако сакаме одржлив економски раст и развој на земјата, еден од предусловите е развој на локално ниво.
– Општините треба да се насочат кон постигнување на две цели – зголемување на квалитетот на живот на граѓаните и транспарентност и отчетност за работата. Во однос на првата цел – обезбедување на поквалитетни услуги за граѓаните, Владата води политика на пренесување нови надлежности и финансиски средства на општините за успешно извршување на доверените надлежности. Од најголема важност е и да се изгради однос на доверба со граѓаните. Владата и Министерството за финансии преземаат повеќе чекори во таа насока. Почнавме квартално да ги објавуваме извештаите за извршување на буџетите на општините, а ги објавивме и заостанатите обврски на општините. Во втората фаза од имплементацијата на Отворениот Трезор, како врвна алатка за транспарентност, предвидено е и вклучување на општините, со што ќе се постигне максимална транспарентност, рече Елези и додаде дека земјата е лидер во фискалната транспарентност во регионот.
Елези посочи дека Владата работи на подигнување на приходниот капацитет на општините и континуирано им помага на општините за исполнување на утврдените критериуми во процесот на фискалната децентрализација, кои постепено го градат својот административен, кадровски и стручен капацитет.
– Споредено со 2005 година, во која започна процесот на трансфер на надлежности и фискалната децентрализација, приходите на општините се зголемени за повеќе од пет пати. Во истиот период, даночните приходи врз кои општината има автономија на наплатата се зголемени за повеќе од два пати, истакна заменик-министерката за финансии.
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
