Елена Ристеска: Добивам непристојни понуди, повозрасен човек почна да ми доаѓа на врата

Kога се во прашање најекспонираните јавни личности кај нас, меѓу кои е и Елена Ристеска, најчесто е тенка линијата меѓу искрени обожаватели и личности опседнати со ѕвездата. Ристеска тоа во повеќе наврати го има почувствувано на своја кожа, а во една пригода била принудена да побара и заштита од полицијата.
– Пред неколку години повозрасен човек ми пишуваше дека вселената не предодредила да бидеме заедно и дека сум го разбудила од кома, па почна да ми доаѓа на врата. Тој случај заврши со пријава во МВР. Многу често фановите ги губат сетилата и почнуваат да прават нешта кои н` вознемируваат. Н` следат на улица, а тоа може да прерасне во опсесија и веќе не е поврзано со обожување, туку со пострашна форма на однесување – објаснува Ристеска, за ДНЕВНИК.
Низ годините и се случиле многу невообичаени ситуации. Повеќето биле симпатични гестови, но признава дека на своја адреса добивала и навредливи пораки.
– На автомобилот често сум наидувала на пораки на кои пишува: „Елена, те сакам!“ или „Елена, омажи се за мене“. Има и луѓе со фантазијата без граници, па си замислуваат дека сме заедно и ми стигнуваат пораки од типот: „Оваа е нашата песна“ или „Те сакам, а ти не ми возвраќаш на љубовта“. Kога ќе се налутат, ми пишуваат навредливи коментари. Има личности кои ми пишуваат преку триесет пораки дневно и инбоксот ми се „мрднува“ од нотификации – раскажува пејачката.
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
