Елена Гошева, претседател на Уставен за Катица: Таквите изјави ја компромитираат нејзината улога во обвинителството

Претседателката на Уставниот суд на Република Македонија Елена Гошева ги оцени изјавите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како неприфатливи и неодговорни.
- Изјавите на Катица Јанева насочени кон негирање и деградирање на постојните државни органи и институции во Република Македонија истакнувам дека се неприфатливи, неодговорни и компетенциите на ова лице во вршењето на работите кои и се дадени во надлежност тоа не го дозволуваат, вели Гошева во писмената реакција.
Таквите изјави, како што подвлекува, ја компромитираат всушност нејзината улога која ја има во обвинителството. - Таа треба да знае дека Република Македонија е демократска и независна држава во која функционираат институции основани со Устав и закон, во согласност со демократските принципи, вели Гошева.
Посочува дека Уставниот суд е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.
- Никој во Република Македонија нема право да креира форма на противуставно и противзаконско делување, со активности и делувања насочени кон рушење на демократските вредности и правила на владеење, вклучително и со изјави од типот на негирање на институциите на државата, како што во последниот случај тоа го направи Катица Јанева со своите изјави, кои наликуваа на кампања, што е спротивно на нејзината улога во обвинителството, истакнува Гошева.
Во писмената реакција Гошева порачува да се ослободи Уставниот суд на Република Македонија, како и останатите институции на организацијата на државата од, како што вели, „субјективни фрази и квалификации во изјави кои поттикнуваат антидемократски методи и средства на делување во нашето општество, што е спротивно на уставното уредување конципирано во Уставот на Република Македонија“.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
