ЕЛЕМ ги продолжи договорите за стипендирање на 12 студенти на Техничкиот факултет во Битола
Дванаесет студенти од Техничкиот факултет во Битола добија стипендии од АД ЕЛЕМ со кои ќе го продолжат своето школување. Станува збор за студенти од прва, втора и трета година кои веќе користат стипендии од АД ЕЛЕМ, а правото го стекнале со исполнување на критериумите предвидени во договорот, односно задржале просек не помал од осум.
На денешното доделување на стипендиите присуствуваше генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, кој истакна дека компанијата се залага за тоа да им се даде до знаење на младите дека за нив има иднина во Македонија и дека институциите знаат да препознаат и да поддржат амбициозни и подготвени студенти.
Директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски, пак, ги повика младите своите знаења да ги стават во функција на развојот на македонскиот енергетски сектор.
На 25 јуни е распишан и конкурс за доделување на пет нови стипендии за студенти од прва година во учебната 2017/18 година. Можност за пријавување имаат студентите од електротехничкиот и машинскиот отсек, како и студентите од отсекот мехатроника кои оствариле просечна оценка не помала од осум, по завршување на првиот семестар. Финансиската поддршка од АД ЕЛЕМ за студентите од Техничкиот факултет изнесува 6.000 денари, во траење од десет месеци секоја академска година.
АД ЕЛЕМ секоја година доделува по 25 стипендии за новозапишани студенти во прва година на пет државни факултети во Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам