Електронски потврди за редовни студенти за здравствено осигурување
Од минатата учебна година, заклучно со овој месец, Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) со проектот „Е-потврди за редовни студенти“, овозможи придобивки за 26.481 редовни студенти. Со овој проект, овозможено е секоја нова потврда/промена за редовно школување, Фондот да ја добива по електронски пат, од соодветната образовна установа за високо образование, соопшти ФЗОМ.
Претходно, потврдата за редовно школување, студентите требаше да ја заверат во студентски прашања, за потоа да ја достават на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ.
Со овој проект, истакнуваат од ФЗОМ, редовните студенти веќе не губат време по шалтерите за студентски прашања на своите факултети, ниту пак имаат потреба да чекаат ред на шалтерите на подрачната служба на Фондот. Со електронската потврда која ја праќаат високообразовните институции, сега редовните студенти може да остварат право на здравствено осигурување и да си ги добиваат потребните здравствени услуги.
Придобивки од проектот за факултетите се заштеда на време и ресурси – потврдата за редовно школување веќе нема да се доставува во хартиена форма до подрачната служба на Фондот, туку ќе се евидентира автоматски и во електронска форма. Придобивки од проектот за редовните студенти: нема административни формалности и трошоци, континуитет во здравствено осигурување што е основен предуслов за остварување на некои права од здравственото осигурување и заштеда на време потребно за обезбедување на потврдата.
Придобивки за Фондот се намалување на метежот пред шалтерите, извештаи и анализи во реално време за спроведените потврди за редовно школување и зајакнување на контролите и оптимизирање на деловните процеси.
Високообразовни институции со кои Фондот има склучено договор за податоци за редовни студенти доставуваат ажурирани податоци за редовни студенти на веб порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Исто така, посочуваат од ФЗОМ, сите високообразовни институции кои имаат потпишано договор со Фондот, а не доставиле електронски податоци за редовни студенти, тоа треба да го направат најдоцна до 31 октомври (по завршување на периодот за запишување на семестар).
Дваесет и осум високообразовни институции од кои повеќе од половина се факултети од УКИМ имаат потпишано договор со ФЗОМ за електронска обработка на податоци за редовни студенти. Со ова, наведуваат од ФЗОМ, на студентите, без никакви административни формалности и трошоци им се обезбедува континуирано здравствено осигурување.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода