Електронска цигара предизвика евакуација на лондонската железничка станица Јустон
Лондонската железничка станица Јустон синоќа беше итно евакуирана, откако полицијата била известена дека од една оставена патна торба, излегува сомнителен чад.
Чадот почнал да се шири и да ги исполнува станичнте ходници, по што интервенирале специјалните полициски сили и спасувачки екипи. Полицијата наредила да се блокира и истоимената метро станица, на која возовите само поминувале.
Полицијата, која на помош имала и дресирани кучиња за откривање експлозив не нашле ништо сомнително, па тревогата што била покрената, после два часа блокада на целиот реон околу станицата, била укината.
Претставник на лондонската Транспортна полиција изјави дека е отворена детална истрага за инцидентот, но се верува дека причина за чадот е „малата експлозија што се случила во патната торба“.
Полицијата верува дека експлозијата ја предизвикала електронската цигара која била во торбата.
Сведоци изјавиле за лондонските медими дека „лажната тревога“ предизвикала паника кај луѓето во станицата, кои трчајќи и со врисоци бегале кон излезите, стравувајќи дека станува збор за можен терористички напад.
Ваквото однесување на луѓето се објаснува со неколкуте терористички напади во Лондон и Британија изминатите месеци, почнувајќи од намерното газење на пешаци со автомобил на лондонскиот мост Вестминстер, па до бомбашкиот напад во Манчестер и нападот со нож врз недолжните посетители на Бороу маркет во Лондон.
Во синоќешниот инцидент и во текот на брзата евакуација, се верува, дека никој не бил повреден.
Ново на Сител
-
Груби преку социјалните мрежи појасни дека е Косово во приватна посета
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
-
Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
-
Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
-
Утрото студено и магливо, преку денот сончево
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози