Екстремисти планирале политички убиства во цела Германија

Екстремистичката група „Nordkreuz” – „Северен крст” планирала серија политички убиства во цела Германија, објави медиумската група Redaktionsnetzwerk Deutschland (РНД).
Организацијата базирана во Мекленбург-Западна Померанија, составила список со 25 илјади потенцијални жртви – политичари кои ги сметале за свои противници.
Федералното обвинителство смета дека екстремистите собирале податоци не само за политичари од таа провинција туку и за политичари од други места.
Меѓу август 2017 и април 2018 година властите заплениле документи во кои се најдени имиња и адреси на речиси 25 илјади опоненти на организацијата во цела Германија.
Според медиумската група, членовите на Северен крст собирале податоци за политичари со позитивен однос кон бегалците.
При распити во полиција, еден од приведените признал за планови за убиства на политички противници. Основачот на организацијата Марко Г. кој е во привор од минатиот месец е поранешен припадник на специјалната полиција. Тој и уште три други лица украле муниција од депоа на полицијата.
Ново на Сител
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
