Екстрадицијата на Асанж од Велика Британија во САД одложена за до февруари

Целосното сослушување за барањето на Вашингтон за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж од Велика Британија во САД ќе се одржи во февруари следната година, реши денеска лондонскиот Вестминстерски прекршочен суд.
Американските власти го товарат Асанж за обид за пробивање на владините шифри и за кршење на законот за шпионажа, поради што бараат да биде екстрадиран во САД кад еби му се судело по обвинувањата.
Министерството за правда на САД на 6 јуни достави официјалното барање до Велика Британија за екстрадиција на Асанж.
Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид вчера соопшти дека ја потпишал одлуката за екстрадиција на Асанж со САД.
– Од САД имаме барање за екстрадиција кое утре ќе се најде пред Судот. Вчера ја потпишав и ја потврдив одлуката за екстрадирање која ќе биде доставена до Судот, додаде Џавид.
Асанж во моментов се наоѓа на отслужување на затворската казна од 50 недели, поради не почитување на условите за ослободување од притвор со кауција.
Кога во 2012 година беше пуштен да се брани од слобода до носење на одлуката за негова екстрадиција во Шведска, каде беше обвинет за силување, Асанж побара азил во Еквадорската амбасада во Лондон, каде ги мина изминативе седум години.
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
