Македонија
7. November 2015 - 16:38

Експресните патни правци Радовиш-Штип-Кочани ќе го зголемат локалниот развој и безбедниот сообраќај

Штипските пратеници во републичкото собрание од редовите на ВМРО Дпмне дадоа поддршка на проектот кој предвидува реконструкција и проширување на експресниот пат Штип –Радовиш и изградба на експресниот пат Штип- Кочани.

Ова преставува еден од позначајните проекти за Штип, но исто така и за цела источна македонија- изјави Никола Мицевски, пратеник во парламентот на РМ- ВМРО-Дпмне

Првата делница ќе биде во должина од 39 километри, од кои 18 километри ќе бидат реконструирани и проширени на 11, 4 метри, а 21 километар ќе биде целосно нова траса. За Штип – Кочани е избрано најсоодветното решение, а тоа е изградба на сосема нова делница во должина од 28 километри.

Овие патишта значително ќе доприесат за поквалитетен и побезбеден сообраќај, но и ќе бидат од голема полза за екномскиот развој на Штип-изјави Мицевски

За побрз економски раст на истокот од државата значајно место има и автопатот Штип – Миладиновце кој интензивно се гради.