-->
-->
„Експрес“: Косовскиот Парламент денеска заседава за самораспуштање
-->

Членовите на косовскиот Парламен денеска се собираат на вонредна седница на која ќе треба да гласаат за распуштање на законодавниот дом – потег што ќе го ослободи патот за предвремени избори во земјата, забележува електронското издание на приштинскиот дневен весник „Експрес“.
Седницата за закажана за 10 часот по локално време.
Според прес службата на парламентот, прва точка од дневниот ред е гласање за ратификување на финансискиот договор IPA за 2018 меѓу Косово и Европската унија, додека гласањето за распуштање на парламентот е втора точка на дневниот ред.
Политичките партии веќе се договорија токму денеска да одлучуваат за распуштање на законодавниот дом. Ваквиот договорот беше постигнат по оставката на премиерот Рамуш Харадинај кога беше повикан да се јави во судот во Хаг како осомничен за неговата улога на командант на Армијата за ослободување на Косово (ОВК) за време на војната од 1998-1999 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
