Експлозија во куќа во Земун: Маж почина, а жена тешко повредена

Рано утринава се случи експлозија во куќа во Земун, Србија во која почина еден маж, а со повреди на главата и изгореници 50-годишна жена е пренесена во Ургентен центар.
Според првите неофицијални информации дошло до експлозија на гас низ канализацијата.
Куќата во која живееле таткото и ќерката целосно се урнала. Три противпожарни бригади се на терен, известуваат српските медиуми.
Екипа на Институтот за јавно здравје излезе на терен и ги изврши мерењата. Се уште се чувствуваат гасови во воздухот, но засега нема страв за здравјето на луѓето во околината.
Како што неофицијално дознава РТС, не се работи за проблем со гасоводниот систем, туку дошло до непријавена штета при градежни работи во близина на куќата.
Компанијата „Србијагас“ превентивно го прекина снабдувањето со гас во тој дел од градот.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
