Свет
4. January 2018 - 19:32

Експлозија во Кабул, најмалку 11 загинати

 Најмалку 11 лица загинаа, а 25 се повредени во самоубиствен напад во Кабул, насочен против полицајци кои учествувале во операција против шверцери на дрога и алкохол.

Безбедносните сили веднаш пристигнаа на местото на експлозијата, која се случи во близина на Амбасадата на САД и други странски мисии.

Претставник на безбедносните сили потврди дека експлозијата била предизвикана од самоубиствен напад, додека портпаролот на кабулската полиција Басир Муџахид изјави дека загинале најмалку петмина полицајци, а десетмина се повредени. 

- Кабулските полициски сили беа распоредени за да спречат евентуален протест поради зајакнатата контрола, кога бомбаш-самоубиец им пријде и го активираше неговиот појас со експлозив, изјави Муџахид.

Локалните медиуми, повикувајќи се на полицајци кои се на местото на настанот, соопштија дека напаѓачот носел полициска или армиска униформа и имал пристап до местото каде се наоѓало обезбедувањето, кое вршело контрола за пронаоѓање шверцувана дрога и алкохол. Засега нема официјална потврда за ова тврдење.