Експлозија во центарот на Истанбул, најмалку 10 загинати
Силна експлозија одекна претпладнево на централниот истанбулски плоштад „Султанахмед“, кој е едно од главните туристички атракции на најголемиот град во Турција.
Според агенцијата Анадолија, при експлозијата загинале најмалку 10 лица, а околу 15 се ранети, меѓу кои некои се и во критична состојба.
Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк пренесе изјави на очевидци на настанот, кои тврдат дека слушнале „гласна експлозија“.
На местото на настанот пристигнаа поголем број полициски, амбулантни и противпожарни возила, а полицијата го блокира целиот реон околу плоштадот.
Причините за експлозијата засега не се познати. Според непотврдени информации, нападот го извршил бомбаш-самоубиец.
Медиумите пренесуваат и различни информации за точната локација на експлозијата. Според едни, таа се случила на самиот плоштад, а според други, кај еден од влезовите на џамијата „Султан Ахмед“.
Околу плоштадот „Султанахмед“ во Истанбул, покрај џамијата „Султан Ахмед“, уште позната и како „Сина цамија“, се наоѓа и храмот „Света (Аја) Софија“, а во негова близина е и главната истанбулска Судска палата.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени