Балкан
23. May 2019 - 8:55

Експлозија на пазар во Загреб, нема повредени

Експлозија одекна на пазар во Загреб рано утрово во која нема повредени.

Полицијата соопшти дека околу три часот утрово одекнала експлозија во населбата Гајнице, од засега  неутврдена причина, јавија хрватски медиуми.

Од експлозијата, оштетена е една продавница во пазарот и камион паркиран во близина на продавницата.