Македонија
20. May 2020 - 16:52

Експертите со различни очекувања за преговарачката рамка и почетокот на преговори со ЕУ

Преговарачка рамка во јуни , а прва меѓувладина конференција наесен. Ова е планот на европската комисија, но експерите предупредуваат на две клучни работи кои би можеле да го одложат целиот процес  – заканите на  Бугарија и евентуалните избори. 

Сепак дел од експерите очекуваат процесот да оди според планираното, бидејки, без оглед на Бугарија,  за тоа постои цврста поддршка кај клучните држави во унијата и во Брисел. Изборите не би требало да бидат проблем, туку  ситуацијата со короната доколку има втор бран.

Еврокомесарот за проширување Вархеји вчера беше дециден дека во јуни Македонија ќе има преговарачка рамка. Сепак таа потоа треба да биде потврдена од членките на унијата, по што со меѓувладината конференција  и оперативно ќе се почне со преговорите.  Во меѓувреме Европската унија уште еднаш покажа солидарност за регионот, откакко попладнево го одобри пакетот од 3,3 милијарди евра за Западен Балкан и некои други земји , односно 160 милиони за Македонија.