Македонија
25. January 2021 - 20:35

Експертите предлагаат Македонија да биде една изборна единица со отворени кандидатски листи

Македонија да биде една изборна единица со отворени кандидатски листи, предлагаат експертите. Според нив на овој начин освен што земјава ќе се приближи кон демократските вредности, исто така ќе се намали и поларизацијата по етничка и партиска основа.

Професорката Бојана Наумовска од Институт за социлошки и политичко правни науки и истражувања вели дека со отворените листи ќе изостане праксата пратеници да станат оние кандидати кои  се на подобра позиција на гласачкото ливче, само затоа што се во подобар однос со лидерот на партијата.

Според професорот по социологија Илија Ацевски во земјава главен проблем е што нема критичка свест кај граѓаните, па поради тоа гласачите најчесто  наместо за кандидат гласаат за интересите на партијата.

Воведувањето на една изборна единица со отворени кандидатски листи би значено еднаква вредност на гласовите на сите граѓани но и еднаква застапеност на малцинствата, вели професорот по уставно право Темелко Ристевски.

Во Македонија досега за избори имало 3 модели. Мнозинскиот кој функционираше до 1998. Во 1998 беше комбиниран, мнозински и пропорционален, а од 2002 се спроведува пропорционален систем. Иако премиерот Заев во кампањата ветуваше Македонија ќе биде една изборна единица, неговото ветување пропадна бијдејќи успеа да обезбеди поддршка од парламентот .