Македонија
25. August 2015 - 16:52

Експерти: Мнозинскиот модел е подобар за малите партии, ГРОМ поддржува мнозински изборен систем

Предлогот на опозицијата за една изборна единица воопшто не им одговара на малите партии, затоа што така би имало и цензус од минимум 4% кој никоја мала партија не може да го пројде. Смета универзитетскиот професор Владимир Божиновски.Од партијата ГРОМ со сличен став, тие го подржуваат мнозинскиот модел кој го предлага ВМРО ДПМНЕ, затооа што тој повеќе им одговара на малите партии. Со ваков модел ќе се гласа за личност а не за партија, велат оттаму.Божиновски категоричен, Заев и Шекеринска се спремаат за пораз, и со предлогот не сакаат да им помогнат на малите партии туку да извлечат 3-4 пратеници повеќе.Според професорот на политички науки, мнозинскиот модел носи и подобра локална репрезентативност, затоа што пратеникот кој ќе гласаат граѓаните доаѓа од нивното опкружување.