-->
-->
Ексхумирано телото на уметникот Салвадор Дали
-->

Останките на познатиот шпански уметник од областа на надреализмот, Салвадор Дали (1904 - 1989) беа ексхумирани доцна синоќа во каталонскиот град Фигерас. Причината за тоа е судската одлука по барањето на Пилар Абел, која тврди дека е негова ќерка.
Во присуство на правни лица, форензичари зедоа ДНК примероци од балсамираното тело на Дали.
Абел, којашто е родена 1956, тврди дека нејзината мајка била во врска со уметникот. Таа тоа го дознала од нејзината баба во 2007 година, и сега се обидува да докаже дека тој е нејзин татко. Ако ДНК тестот покаже дека Абел е во право, според шпанските закони таа би имала право да бара една четвртина од неговото наследство.
Резултатите се очекуваат по неколку седмици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
