Екс началник на СВР Скопје сведочи за апсењето на Љубе Бошковски
Апостол Стојановски, поранешниот началник на СВР Скопје, сведочеше дека на 6 јуни во 2011-та година, Одделот за организиран криминал при МВР побарал ангажирање на единицата "Алфа". Не можеше да се сети од кој пристигнал телефонскиот повик, но рече дека често единицата била ангажирана и од други оддели.
Стојановски рече дека во тој момент не знаел за што била ангажирана единицата Алфи, дури подоцна бил известен дека се постапувало за лишување од слобода на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.
-Никој не ме извести за нечовечко и нехумано постапување од единицата "Алфа" која функционираше во рамки на СВР Скопје. Ако имало такво нешто, ќе било наведено во записникот од акцијата на кој се потпишуваат лицето лишено од слобода и неговиот адвокат. Тој документ оди и кај судијата на претходна постапка, изјави Апостол Стојановски, поранешен началник на СВР Скопје.
Стојановски сведочи по предлог на одбраната во случајот Тортура во дополнение на доказната постапка.
Со ова, судењето влегува во завршница. Ќе следуваат завршните зборови на обвинителството и одбраната.
Во "Тортура", обвинети се екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и припадниците на единацата "Алфа" кои учествувале во апсењето на Бошковски.
Според обвинението, начинот на кој бил апсен Бошковски го побарал Мијалков и заедно со "алфите", одговараат за нехумано постапување при изведување на акцијата.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители
-
Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање
-
Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател