-->
-->
Еколошки инцидент во Охрид, реката Грашница обоена виолетово
-->
Еколошки инцидент се случи денеска во Охрид, при што реката Грашница што се влева во Охридското Езеро од попладнево е обоена во виолетова боја.Засега не се знае причината за загадувањето на водата во реката. Инспектор од Инспекторатот за заштита на животната средина излезе на терен, направи записник на состојбата, а најави дека е изготвена и поднесена соодветна пријава против непознат сторител.
Првичните информации укажуваат дека се работи за намерно испуштање недозволени материи во шахта на канализацискиот систем, што потоа се влева во реката.
Водата полека почна да се разбиструва, а се очекува екипа на Центарот за јавно здравје од Охрид да земе примероци од Грашница за анализа што ќе покаже за какво загадување станува збор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
