Еколошка акција во општина Кисела Вода
Согласно одлуката на Владата, денеска администрацијата на Општина Кисела Вода спроведе голема еколошка акција, го одработи 2 јануари, ден кој беше прогласен за неработен за вработените во државните институции.
Општинската администрација, како што соопшти Општина Кисела вода на повеќе локации го чистеше сметот заедно со активистите на движењето „Не биди ѓубре“, министерот и заменик министерот за надворешни работи, Никола Димитров и Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и секретарот, Александар Алексовски.
Во активностите за чистење на Кисела Вода учествуваа голем број вработени во Министерството за надворешни работи, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенцијата за странски инвестиции, Државната комисија за жалби по јавни набавки, Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Агенцијата за филм, ЈП за стопанисување со објекти за спорт и бројни граѓански активисти.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го одложуваат отпадот на јавни површини туку во поставените контејнери. Локалната самоуправа, како што стои во соопштението, и во иднина ќе поддржува иницијативи за чиста и здрава животна средина.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени