Еколошка акција на Пакомак и Економскиот факултет во Скопје
Економскиот факултет во Скопје во соработка со компанијата „Пакомак“ од денеска започнуваат еколошка акција за собирање на пластика и хартија во универзтетскиот кампус.
Акцијата има за цел да ги стимулира студентите на што помасовно собирање на амбалажни пластични шишиња и хартија. „Пакомак“ ќе донира по 1 денар за секое донесено шише и 2 денари за 1кг стара хартија, а собраните пари ќе бидат донирани за Сојузот на студентите, а студентите самите ќе одлучат за што ќе бидат наменети.
На факултетот веќе се поставени контејнери каде секој студент ќе може да го остави амбалажниот отпад и со тоа да придонесе акцијата да биде што поуспешна.
Директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски изјави дека оваа соработка со Економскиот факултет е дел од низата кои ги презема „Пакомак“ за подигнување на свеста за селектирање на отпадот кој ја загадува средината во која живеме на долг рок.
- Свесни сме дека колективнта свест за односот кој го имаме кон селекцијата на отпадот, рециклирањето и заштитата на животната средина е долготраен процес кој не може да се смени преку ноќ, но нашата постојана заложба селекцијата да стане наша навика и дел од секојдневието веруваме дека ќе вроди со плод. Изминативе неколку години имавме еколошки иницијативи во основните училиште, кои се покажаа доста успешни и во кои најмладите сите пријатно не изненадија со својата заложба и активност, а што се надеваме дека сега ќе го следат и постарите, студентите. Ова е почеток на интензивна соработка со УКИМ и останатите универзитети за взаемна соработка во подигање на еколошката свест кај студентската младина, истакна Ивановски.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) официјално ја продолжи дозволата за работа на „Пакомак“ за постапување со отпад од пакување за следните пет години. Во досегашното петгодишно работење преку системот на „Пакомак“ се собрани и преработени над 49.000 тони амбалажен отпад, кој што се состои од хартија, пластика, стакло, како и композит, метал и дрво.
Ново на Сител
-
На пленарна седница законските измени за реорганизација на министерствата
-
Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност
-
Руски напади во западните региони на Украина
-
Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба
-
Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер
-
За викендот сончево и топло
-
Состојба на патишта
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041