Loading Video...
Македонија
24. September 2021 - 22:56

Еколог Интернационал донираше десет амбулантни возила за болниците низ државата

Еколог Интернационал донираше десет амбулантни возила комплетирани со потребната медицинска опрема и апарати за болниците низ државата.

Оваа донација има за цел да го зајакне капацитетот на болниците и да го зголеми квалитетот на услугите во секторот за итни случаи, особено сега во периодот на пандемија кога потребите на граѓаните за итна медицинска помош значително се зголемени.

Две од возилата беа предадени на болницата во Тетово и по едно во Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Битола, Велес и Штип.