-->
-->
„Еко-живот” изврши прихрана на животинскиот свет на неколку локации
-->
Еколошкото друштво „Еко-живот” од Кавадарци изврши прихрана на животинскиот свет на неколку локации. Нивни активисти беа на терен во атарот на селата Дреново и Драдња и кај Тиквешко Езеро.
– Прихранувањето го вршиме со пченица обезбедена од сопствени средства. Таа е храна за помали и поголеми птици, но и за дивеч, глодари, преживари и други. Прихранувањето на птиците и животните е неопходно во зимски услови кога тешко доаѓаат до храна, појасни претседателот Роберто Паризов.
Тој најави слични акции во наредниот период, до крајот на месец март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група