-->
-->
Еко Герила : Граѓаните да ги пријавуваат соседите кои согоруваат несоодветен материјал
-->

Движењето „Еко Герила“ од Тетово ги повика граѓаните да ги пријавуваат соседите кои согоруваат несоодветни материјали за греење со оглед на големото загадување на воздухот. Според нив, се горат штици од столарија кои содржат бои и лакови со хемикалии.
-Доколку сакаме да ги спречиме овие загадувачи, граѓаните треба да ги пријавуваат таквите случаи до oпштинскиот инспекторат за животна средина со адреса и име на загадувачот на бесплатниот телефонски број 0800-55-043. Сепак, недостигот на одржлива алтернатива за греење во текот на сите овие години, големиот број на возила без еколошки стандарди, недостаток на јавен превоз, чистење на правливите улици и нестандардното градење, како и индустриските капацитети се главните причини за загадување во нашиот град, велат од Еко Герила.
Според мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово во изминатите 17 денови од декември само во еден ден нема надминување на среднодневните концентрации на отровните ПМ 10 честички во воздухот. Ви сите денови има над дозволените 50 микрограми ПМ 10 честички на кубен метар, а на 16 декември се бележат највисоки 174.22 μg/m3
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје