Еко-активисти ги прекинаа летовите во Германија

Групата активисти за заштита на животната средина „Последна генерација“ денеска започна протестни акции на неколку германски аеродроми, принудувајќи прекин на летовите на најмалку еден, соопштија групата и полицијата, јави ДПА.
Двајца активисти во портокалови елеци со висока видливост влегоа на аеродромите во Берлин-Бранденбург, Штутгарт, Нирнберг, Келн-Бон, соопшти организацијата. Тие не влегоа на пистите, соопшти групата.
Активистите мирно го изразија својот отпор со истакнување на транспаренти „Нафтата убива“ и „Потпиши го договорот“, објави организацијата.
Тие не го прецизираа договорот, но најверојатно се однесува на иницијативата за спогодба за неширење на фосилни горива, наведува ДПА.
Во октомври 2022 година, Европскиот парламент донесе резолуција со која ги повикува националните држави да работат на таков договор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
