Еко акција во штипската населба „8 Ноември“
Граѓани, претставници на општина Штип, јавните претпријатија, пожарникари и на невладиниот сектор денеска ги исчистија зелените површини во штипската населба „8 Ноември“, каде што од петок почнува манифестацијата „Пастрамајлијада“.
–Покажуваме сите заедно пример дека се грижиме и си ја чуваме животната средина. Драго ми е што на денешната акција се приклучија и граѓани од населбата „Осми ноември“, кои ја подржуваат акцијата, бидејќи ова е нивното најблиско опкружување до нивните домови и повеќе од потребно е да биде чисто. По оваа акција, барам од граѓаните совесно да ја почитуваат и чуваат чиста животната средина, рече градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Директорот на комуналното претпријатие „Исар“, Живко Тасев упати апел до граѓаните постојано да ја чуваат својата околина. Додека пак пожарникарите освен што го исчистија и го полеаја со вода паркот кај новата Пошта.
–Ние како пожарникари решивме да го средиме паркот пред новата пошта. Откако детално ќе го исчистиме, ќе го полеваме со вода. Затоа е и тука едно наше возило со вода. Ова е благороден потег и пример за сите од другите градски населби како треба да изгледа средината во која живеат, рече Тони Атанасов командир на ТППЕ Штип.
Ваква акција пред неколку месеци имаше во населбата Три Чешми, ова е втора активност на локално ниво. Најавени се вакви работни акции и во другите населби, а денешната еко акција е дел од глобалната иницијатива за почисти градски средини, што се реализира во сите градови во Македонија.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар