ЕК: Земјите од ЕУ недоволно им помагаат на Србија, Хрватска и Словенија
Европската комисија денеска предупреди дека е мал бројот на земји-членки на ЕУ кои одговориле на барањата на Србија, Хрватска и Словенија за хуманитарна помош и згрижување на бегалците.
Србија, Словенија и Хрватска го активираа Механизмот за цивилна заштита за да добијат помош во борбата со бегалската криза, потсетува ЕК.
Механизмот обезбедува различни видови помош, како што е испраќање стручни тимови, доставување опрема, обезбедување засолништа и медицинска помош.
- Досега само неколку земји-членки одговорија на повиците, а голем број средства се уште мора да се обезбедат за Србија, Словенија и Хрватска, со цел да се реши моментната ситуација, се наведува во извештајот на Комисијата.
ЕК потсети дека се усвоени мерки за распределба на 160.000 бегалци, кои значително ќе го намалат притисокот врз најзагрозените членки на Унијата.
Ново на Сител
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот