ЕК со порака до потрошувачите: внимавајте на појавата на „лажни производи“ против Ковид-19

ЕУ предупреди дека со појавата на пандемијата на Ковид-19 дошло до зголемување на понудата на „лажни производи“ кои се продаваат на Интернет, а кои наводно служат за спречување на ширењето или лекување на коронавирусот.
Во Брисел ги предупредуваат потрошувачите да не наседнуваат на многубројните измами, со кои некои трговци се служат, за по голема цена да ги продадат лажните производи, како што се маски, капи и средства за миење раце.
– Таквите трговци ја користат моменталната ситуација за да ги продаваат своите производи по многу високи цени, тврдејќи дека имаат многу малку на залиха и доведувајќи ги во заблуда потршувачите во ЕУ, вели еврокомесарот за правда Дидие Рејнардс.
Со цел решавање на ова прашање, Европската комисија и мрежата на национални органи за заштита на потрошувачи на ниво на ЕУ покренаа заеднички акции за заштита на купувачите, вклучувајќи и подигнување на свеста на граѓаните.
– Нема да прифатиме трговците да го користат стравот на потрошувачите, предизвикан од избувнувањето на Ковид-19 во ЕУ. некои платформи, како Амазон и Фејсбук, доброволно преземаа акции против таквото огласување. Потрошувачката организација ја зајакна својата работа, а Комисијата и надлежните власти на државите членки ќе ги употребат сите свои овластувања за сузбување на злоупотребите од страна на трговците, порача Рејндерс.
Ново на Сител
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
-

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти
-

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија
-

„Ер Франс“ привремено ги откажа летовите до Дубаи поради ситуацијата на Блискиот Исток
-

Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
-

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
