Македонија
13. July 2022 - 19:56

ЕК објави дека Фон дер Лајен ќе се обрати пред „северномакедонскиот парламент“, па го избриша твитот

Европската комисија (ЕК) објави дека претседателката Урсула фон дер Лајен утре треба да има состанок со, како што објавија тие, „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски“.

Фон дер Лајен утре во 13 часот треба да има обраќање во парламентот на Македонија, кој за ЕК стана „северномакедонски парламент“, барем така пишува во нивната објава.

На ЕК им требаа околу 30 минути за да го повлечат твитот од социјалната мрежа.