ЕК: Македонија има право да ги контролира лицата кои влегуваат на нејзина територија
Македонија има право, во согласност со меѓународните закони, да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите, соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
- Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во областите долж јужната и северната граница. Комисијата е подготвена и натаму да и дава хуманитарна помош на Македонија, се вели во изјавата на прес-службата на Хан што ја пренесува Танјуг.
Европската комисија, како што се наведува, внимателно ја следи ситуацијата на македонско-грчката граница и останува подготвена и натаму да и испраќа хуманитарна помош на Македонија. Се потсетува дека ЕУ досега обезбедила 90.656 евра хуманитарна помош за Македонија, како и дека во завршна фаза е програмата за помош на регионот на Западен Балкан и Турција во вредност од осум милиони евра што треба да биде спроведен веќе во септември.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата