ЕК: Ќе се испита однесувањето на хрватските граничари кон мигрантите
Европската комисија изрази загриженост поради наводите на невладината организација Амнести Интернешанл за „нехуманиот и деградирачки“ третман кон мигрантите на границата на Хрватска со БиХ.
Брисел очекува спроведување целосна истрага и најави организирање на своја мисија која треба да се увери дека хрватските граничари ги почитуваат основните човекови права.
– Европските закони велат дека граничарите мораат да го почитуваат човечкото достоинство. За насилство, деградирање и нехумано однесување кон мигрантите и оние кои бараат азил нема место во ЕУ, наведува Комисијата.
Во Брисел тврдат дека стапиле во контакт со хрватските власти по повод извештајот на Амнести Интернешанл, во кој се истакнува дека хрватската полиција во ноќта меѓу 26 и 27 мај малтретирала група мигранти на границата со БиХ. Невладината организација наведува дека 16 луѓе од Авганистан и Пакистан биле удирани со нозе, претепани, врзувани, а десетмина се здобиле со потешки повреди, вклучувајќи скршеници и повреди на главата.
– Хрватските власти се обврзаа да го истражат случајот за злоставувањата на своите надворешни граници, ќе ја следат ситуацијата и ќе ја информираат Европската комисија за постигнатиот напредок, додава ЕК.
Ново на Сител
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
-

Се уште не се знае по кој модел ќе се гради Чебрен и Галиште
-

Во Прилеп се чистат речните корита за да се спречи нивно излевање
-

Во очекување на корекција на цената, оризарите протестот го ставија во мирување
-

Свеста за органодарителството сеуште на ниско ниво
