ЕК изрази желба за одржување на соработката со Анкара

Ние работиме со нашиот клучен стратешки партнер Турција на многу прашања - од безбедноста до миграцијата и продолжуваме да го имплементираме нашиот дел од договорот за миграција, исто како и турската страна, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
- Нашите односи се темелат на тесна соработка. Ние сакаме да продолжиме по тој пат. Кога е неопходно, потсетуваме дека европските принципи дека треба да се почитуваат, истакна портпаролот.
- Неодамна, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер изрази загриженост дека Турција се оддалечува од ЕУ, но би сакале Анкара да се движи во спротивна насока. Јункер работи за тоа, разговара со претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Ние би сакале нашите односи да останат на патот на соработката. Заедно можеме да ги надминеме заедничките предизвици, рече портпаролот на прашањето како очекува очекува да се развиваат односите на ЕУ со Турција во новата година.
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
