ЕК бара конструктивна соработка на партиите во Македонија, а не да се напаѓа Хан
Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, во изјава за МИА побара во име на Европската комисија, политичките партии во Македонија да се однесуваат конструктивно и да обезбедат веродостојни и демократски предвремени парламентарни избори што според договорот од Пржино се закажани за 24 април.
- Европската комисија повика повеќе пати дека е од најголема важност на партиите да го спроведат политичкиот договор што тие го постигнаа заедно минатиот јуни и јули. Конструктивна соработка меѓу сите страни е од суштинско значење за да се осигураат веродостојни и демократски избори. Комесарот Хан очекува, во интерес на државата и на народот, сите партии да работат на постигнување на оваа цел, порача портпаролката Коцијанчич.
Според планот на еврокомесарот Хан, тој во средината на следниот месец треба да пристигне повторно во Македонија, со цел да увиди до каде е процесот на подготовка на предвремените парламентарни избори чие одржување и тој го поддржа да се случи на 24 април. Притоа, можно е тој да се сретне само со претставници на Државната изборна комисија (ДИК), на ОБСЕ/ОДИХР и други страни инволвирани во пдоготовка и организирање на изборите, но не и со претставници на политичките партии во земјата.
Во Европската комисија (ЕК) велат дека се шокирани од односот на некои претставници и симпатизери на опозицијата кон еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, јавува дописникот на МИА од Брисел. Навредите и заканите кон Хан, па дури и подготовка на протести при неговото следно доаѓање, што е поддржано на социјалните мрежи на интернет, непријатно го изненадува официјален Брисел, заклучно и иницијативата ЕК да испрати друг олеснувач во преговорите на местото на еврокомесарот за преговори за проширување.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино