Еjми Клобушар најави кандидатура за претседател на САД
Стојам пред вас како внука на рудар, ќерка на учителка и новинар и прва жена од Минесота избрана во Сенаттот, за да ја објавам мојата кандидатура за претседател на САД, изјави Клобушар пред нејзините приврзаници.
Демократската сенаторка од американската сојузна држава Минесота, Еjми Клобушар најави дека ќе се бори за освојување на кандидатурата на Демократската партија за претседател на САД на изборите во 2020 година.
– Стојам пред вас како внука на рудар, ќерка на учителка и новинар и прва жена од Минесота избрана во Сенаттот, за да ја објавам мојата кандидатура за претседател на САД – изјави Клобушар пред нејзините приврзаници.
Клобушар, која во моментов го отслужува третиот мандат во Сенатот, досега е најпознат кандидат за претседател на демократите по потекло од некоја од државите од Средниот Запад на САД.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија