-->
-->
Ејде: Постигнувањето мировен договор е тешко, но не е невозможно
-->

Постигнувањето мировен договор за Кипар е тешко, но не и невозможно, изјави денеска специјалниот пратеник на ОН за кипарското прашање, Еспен Барт Ејде.
Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџа, денеска се сретнаа во Женева во рамки на клучната етапа од преговорите за обединување на етнички поделениот остров.
Ејде, поранешен министер за надворешни работи на Норвешка, нагласи дека ОН само ќе помага во преговорите меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, но нема да биде арбитер.
- Лидерите покажуваат голема храброст, голема желба, наведе Ејде на брифинг со новинарите.
- Сега сме во финалниот момент. Сега сме во моментот на вистината, заклучи тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
