Еј-Би-Си: Трамп го инфромирал Лавров за планови на ИД да урне патнички авион
Животот на израелски шпион инфилтриран во редовите на групата Исламска држава (ИД) е доведен во опасност, откако претседателот на САД Доналд Трамп при минатонеделната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му открил доверлива информација за планови на џихадистите, јави американската телевизија Еј-Би-Си.
Според телевизијата, шпионот до Израел доставил информација за заговор на ИД за уривање патнички авион на лет кон САД, со помош на бомба што ќе биде скриена во лаптоп.
Претставниците на американските власти сметаат дека таков уред е можно да помине незабележан при проверките на аеродромите.
Информацијата се оценува за доволно сигурна за да започне да се осмислува забрана за внесување на лаптопи во сите авиони кои летаат од Европа за САД.
Разузнавачките податоци биле пренесени во САД преку анонимен извор.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација