„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

Виена веќе не е најдобриот град во светот за живеење. По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit – ‘ЕИУ’), главниот град на Австрија е детронизиран од „прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува. Данската престолнина го зазеде првото место на топ-листата најпогодни градови за живот, на светско ниво за 2025 година, објавена вчера.
На списокот на сестринската организација на „Економист” се рангирани 173 градови од цел свет – врз основа на низа фактори, вклучувајќи здравје, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина. Копенхаген ги победи Виена и швајцарскиот град Цирих, коишто се израмнија на второто место. Австралиски Мелбурн се задржа на четвртото место, а Женева (Швајцарија) е петта. Сиднеј (Австралија) се искачи на топ-10 листата – од седмото на шестото место, додека јапонската метропола Осака и Оукленд (Нов Зеланд) се изедначија на седмото и осмото место.
На деветтото место е Аделаида – третиот австралиски град на оваа топ-листа. Ванкувер (Канада) го зазеде 10-то место.
Зошто Виена годинава не е на прво место?
Иако австрискиот град сѐ уште има добри резултати во повеќето категории, параметарот во стабилноста опадна. Копенхаген, од друга страна, постигна високи резултати во сите критериуми. Остриот пад на оценките за австриската престолнина им се припишува на неодамнешните инциденти, вклучително и заканата со бомба на концертот на Тејлор Свифт минатото лето, што доведе до откажување на настанот.
– Глобалниот квалитет на живот остана непроменет во изминатава година, а како и во 2024., оценките за стабилност се намалени на глобално ниво. При притисокот врз стабилноста Виена ја загуби позицијата на најдобар град за живеење по три години, рече заменик-директорот на „ЕИУ“, Барсали Батачарја.
Виена не е единствениот град што забележа пад. Калгари падна од петтото место во 2024 година, на 18-то – откако доби пониска оценка за здравствената заштита, заедно со три други канадски градови, поради оптоварувањето на здравствениот систем на земјата. Торонто, исто така, падна од 12-то на 16-то место. И британските градови Лондон, Манчестер и Единбург бележат пад – Лондон од 45. на 54., Манчестер од 43. на 52., а Единбург од 59. на 64. место.
Хонолулу, Хаваи, САД – беше највисоко рангиран американски град на листата – се најде на место бр. 23.
Дамаск, Сирија, и натаму е на дното на листата – како најмалку погоден за живот во светот. Веднаш над него е рангиран либиски Триполи, главниот град на Бангладеш, Дака, пакистански Карачи и градот Алжир.
Ново на Сител
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
