Египетскиот претседател Сиси изврши реконструкција на Владата
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изврши реконструкција на Владата, со смена на девет министри и воспоставување Министерство за бизнис. Функциите ги задржааи министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи, пренесува БТА.
Од промените најмногу се засегнати египетските Министерства за инвестиции, финансии, туризам, воздухопловстовто и водни ресурси.
Новите министри дадоа заклетва пред претседателот во дворецот „Ал Итихадија“ во предградието Хелиополис.
Промените се извршени во време на тешка криза во туристички сектор на економијата, кој е од животно значење, и по минатонеделната девалвација на националната валута на земјата - лирата.
Египет вложува напори во бормата против исламстичките бунтовници, кои преземаат акции и вршат атентати, што пак ги одбива туристите.
Ова е првата реорганизација на Владата по онаа во септември минатата година, кога Сиси го назначи за премиер Шериф Исмаил.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи