Свет
23. February 2016 - 18:41

Египетски суд нареди да биде ослободен братот на лидерот на Ал каеда Ајман ал Завахири

Египетски суд нареди денеска да биде ослободен од затвор Мохамед ал Завахири, брат на лидерот на Ал каеда Ајман ал Завахири, кој е затворен под обвинение за создавање терористичка група, јави ТАСС.

Египќанецот Мохамед ал Завахири беше уапсен во август 2013 година во текот на репресиите против Муслиманско братство, еден месец откако армијата го собори од власт и го уапси претседателот исламист Мохамед Морси.

Во првиот процес Завахири беше осуден заедно со 60 други обвинети за создавање „терористичка група, поврзана со Ал каеда“, која извршила напади врз силите за безбедност и христијанската заедница.

Во октомври тој беше оправдан од судот, кој не можеше да го докаже неговото учество во создавањето или членството во групата. Во тој процес десет лица беа осудени на смрт.