Едукативно видео на Народната банка за безбедноста на платежните картички
![]()
Започна емитувањето на серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ). Предвидено е серијалот да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови. Меѓу останатото, со него ќе бидат опфатени теми од областа на плаќањата, личните финансии, кредитирањето и други значајни финансиски прашања.
Првото видео коешто се однесува на безбедносните аспекти на платежните картички веќе е објавено на веб-страницата на Народната банка, како и на нејзините официјални страници на социјалните мрежи.
Визуелното претставување на одговорите на дел од клучните, актуелни економски прашања за граѓаните претставува иновативен пристап во финансиската едукација на населението кај нас, којшто веќе го применуваат повеќе централни банки на земји од Европската Унија. Претходно, во март годинава, започна објавувањето и на серијалот информативни и едукативни текстови „Економија за секого“.
– Подготовката на ваков проект е дополнителна потврда на решеноста на нашата централна банка да ги следи препораките на релевантните меѓународни институции и организации и најдобрите практики во сферата на финансиската едукација, информираат од Народната банка.
Најавуваат дека серијалот „Со Народната банка во светот на финансиите“ ќе се подготвува и ќе се емитува и во текот на следната година.
Ново на Сител
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
