Едукативна шумска патека за деца во Маврово
Eдукативна патека за деца од 6 до 12 години денеска беше отворена во Националниот парк „Маврово“ во локалитетот Бунец. Во должина од еден километар посетителите ќе можат да се запознаат со биодиверзитетот во паркот од специјално обучени водичи за работа со деца.
Патеката ја отворија директорот на НП „Маврово“ Онер Јакуповски заедно со 50 деца од неколку училишта облечени како бубамари и претставник од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
- Патеката е опремена со информативни и едукативни табли со информации за растителниот и животинскиот свет во Маврово. Децата ќе имаат можност да решаваат загатки и да научат нешто повеќе низ посебно конципирани игри. Покрај едукативните табли во три големини, патеката е збогатена и со дополнителни елементи како хотел за инсекти, ксилофон и дел за набљудување на орли, истакна Јакуповски.
Детската патека е иницијатива на Националниот парк Маврово за збогатување на туристичката понуда со едукативни содржини. Со ова, туристичкиот центар добива уште една нова интересна содржина за семејствата.
Содржина на патеката како и обуката на водичите е потпомогната од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employabilitis-IME), програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) имплементирана од Swisscontac.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата