Едукација за младите лица со инвалидност за потреба од физичка активност
Македонскиот параолимписки комитет, во рамките на проектот „Сменете го вашиот начин на размислување - Спорт за сите“, финансиран од спортската програма на Ерасмус+, чија цел е да се промовира потребата од спорт и телесна активност за лицата со инвалидност, од 16-18.03.2018 година во хотел Континентал, организираше тродневни стручни предавања и мотивациски говори за потребата од вклучување на младите лица со инвалидност (на возраст од 15-29 години) во рекреативни спортски активности и подигнување на јавната свест за потребите од физичка активност како основа за здрав начин на живот.
Телесната активност како неизоставен дел од спортот има многу позитивни влијанија врз поединецот (лицето со инвалидитет) и општеството во целина. Таа не само што го унапредува телесното и менталното здравје, и спречува многубројни незаразни болести, туку и им пружа можност на младите лица со инвалидност за интеграција во општеството. Преку телесната активност и спортот, лицето со инвалидност може да го презентира својот талент, да го надоградува и успешно да се спротивстави на вообичаените стереотипи на болест и неспособност со кои секојдневно е соочено.
Едукациите беа наменети за младите лица со инвалидност (15 до 29 години возраст),нивните родители и членови на семејства, за матичните лекари, лекарите од општа и училишна медицина, студенти на медицински факултет и за наставниците по физичко образование спорт и здравје, кинезиолозите и студентите на Факултет за физичко образование, спорт и здравје.
Предавачи на тридневните стручни предавања беа: Д-р спец. Елвис Алексовски, анестезиолог и реаниматолог, претседател на Комисија за здравство и анти-допинг при Македонскиот параолимписки комитет, Проф. д-р Горан Никовски, професор по предмет Рекреација при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ), Скопје, Проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, професор по предмет Психологија на физичкото образование и спорт при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ), Скопје, Ацо Занев, дипломиран стручен физиотерапевт, додека спортисти мотиватори беа нашите прославени параолимпијци и носители на бројни медали од врвни спортски натпревари: Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов.
Поред теоретскиот дел, младите лица со инвалидност поминаа и практична обука на реквизитите за бежбање набавени за потребите на проектот, кои ни остануваат на трајно користење, а младите лица со инвалидност ќе имаат можност програмирано да вежбаат на нив.
Масовната посетеност на настаните од сите целни групи, особено на младите лица со инвалидност и нивните родители, покажаа дека темата е од особено значење, а гости на настанот беа претставници на носителот на проектот, Загребачкиот спортски сојуз на лица со инвалидност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден