Бизнис
17. November 2018 - 16:01

ЕДС: Немаме земено ниту денар од УЈП, ВМРО-ДПМНЕ покажува несериозност со веќе демантирана вест

ЕДС веќе се произнесе во врска со искажаните невистини и е повеќе од смешно и крајно несериозно што политичка партија држи прес конференција за веќе демантирана информација.

Нашиот став ќе го повториме уште еднаш –  ЕДС нема земено ниту еден денар од УЈП по основ на наплата на каков било долг во однос на ФЕНИ. ЕДС никогаш не ја реализира наплатата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители.

Како што претходно кажавме заради изнесени лаги и неосновани наводи, во врска со нашата компанија, ЕДС преку своите правни застапници ги презема и ќе ги преземе сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на угледот и честа на компанијата.